Нови детали: Две експлозии во Драчево

Според првичните информации на полицијата повредени се 8 лица, две од нив се пренесени во Ургентниот центар, а шест од ГОБ „Наум Охридски“. Засега нема информации за нивната состојба и карактерот на повредите. Неофицијално повредените се членови на едно семејство, пренесе Курир.

Првичните информации говорат дека експлозиите настанале при монтирање на грејно тело со плинска боца.

На местото на несреќата се наоѓаат противпожарни екипи кои го гаснат пожарот, екипи од Итна медицинска помош и полициски екипи.

 
 
05.01.2016 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега