Повредените во Драчево со изгореници од висок степен, една жена во тешка состојба

Попладне во скопско Драчево дошло до пожар по експлозија на плинска боца. Биле зафатени две куќи во кои живееле ромски семејства, пишува Здравство 24.

Според информациите повредени се осум лица кои со три возила на Брза Помош се транспортирани во Ургентен центар и ГОБ „Св. Наум Охридски“.

Порталот пишува дека во старата градска болница хоспитализирале петмина повредени кои имале изгореници од висок степен.

Четири жени и еден маж се лицата кои завршиле во оваа здравствена установа. Една од жените според информациите од дежурните лекари е во тешка состојба и има 70 отсто зафатеност по телото со изгореници.

 
 
05.01.2016 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега