КУРИР: ДИК се претвора во општинска организација на СДСМ (ФОТО)

 

„Митингаш и класичен партиски војник“, се двете најчести квалификации кои ни ги дадоа голем број на членови и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, како опис на новоизбраниот генералниот секретар  на Државната изборна комисија Добре Јанчев. пишува Курир.мк

Во однос на професионалната кариера или какви било посериозни достигнувања Јанчев е прилично непознат.

Дури и во партиската структура на СДСМ, новоизбраниот генерален секретар е во сенка на неговата сопруга која е координатор на советничката група во општина Аеродром.

koja-e-ljubica-janceva

Истата фигурира и како координатор на Форумот на жени на СДСМ за првата изборна единица.

koja-e-janceva-ljubica

Во своите јавни настапи сопругата на новиот генерален секретар на ДИК не пропушта прилика со жестоки навреди да го дискредитира ВМРО ДПМНЕ.

– Не постои сила, закана или уцена да не натера да размислуваме како ВМРО-ДПМНЕ, само заради тоа што во моментов се на власт, истакна Љубица Јанчева во своето обраќање на партиска говорница на СДСМ.

ljubica-janceva-sdsm

Досега нејзиниот сопруг, секаде ја придружуваше на митинзите на СДСМ. Двајцата беа и меѓу камперите кои пред Владата ги исполнуваа инструкциите на Зоран Заев.

jancevi-protest-sdsm

Новиот генерален секретар на ДИК е член на Фејсбук групата „СДСМ тргнува во конечна победа“, а со сопругата се меѓу позабележаните на фотографиите од протестите на таканаречените „Граѓани за Македонија“.

jancevi-na-protest-sdsm

Негови пријатели на Фејсбук се и Фросина Ременски и другите функционери на СДСМ.

Законот вели „Генералниот секретар ја врши својата работа професионално“.

facebook-na-jancev

Според сите сознанија до кои што дојдовме, професионализмот на новиот генерален секретар е во голема мера запоставен за сметка на партискиот активизам.

Ваквото однесување е недозволиво за актуелната состојба и новиот состав на ДИК кој треба да овозможи услови за одржување на фер и демократски избори.

 
 
06.01.2016 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега