Тетовчанец се бори за живот - крвнички го претепале синот и шурата
58 годишен тетовчанец се бори за живот во Ургентниот центар во Скопје откако попладнево, околу 16 часот бил претепан од неговиот син и шурата. Како што дознава Press24 од полициски извори 58 годишниот Нухи М. од тетовската населба Дреновец завршил со два скршени вратни пршлени откако по кратка расправија го претепале неговиот син Ирфан и шурата Андан М. Се уште нема информации поради што настанала расправијата. Нухи во неконтактибилна состојба е префрлен во Ургнетниот центар во Скопје каде лекарите се борат за неговиот живот.
Информацијата за Press24 ја потврди и полицијата од каде велат дека се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите кои се во бегство.