Изненадување: Регулаторна ги објави новите цени на горивата во Македонија

 

Бензините поевтинуваат за половина денар, дизелот за еден денар. Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите малопродажни цени на нафтените деривати
Од полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 61 денар а литар ЕУРОСУПЕР БС-98, 63 денари.

ЕУРОДИЗЕЛ-от ќе се точи по цена од 42,5 денари по литар.

Незначителното намалување на цените на нафтените деривати е вистинско непријатно изненадување особено ако се има предвид дека немаше поголеми промени на курсот на денарот во однос на доларот а цената на суровата нафта пред две недели според Регулаторната комисија за енергетика изнесуваше околу 40 долари, а во денешниот извештај е спуштена за скоро 4 долари по барел и изнесува 36,7 долари.
На намалување од околу 4 долари на еден барел, бензинот поевтинува само половина денар, а дизелот само еден денар.

 
 
11.01.2016 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега