Жерновски прогласи мораториум - од денеска запира проектот Скопје2014

Ноиот градоначлник на Центар, Андреј Жерновски денеска и официјално ја превзема должноста и првото што го направи беше мораториум на проектот Скопје 2014.

„Од денеска во Центар има мораториум на „Скопје 2014. Тоа значи сите формално-правни активности за согласностите и финансиите и за сè што треба да се реализира, ќе биде замрзнато додека не се увиди фактичката состојба. Тогаш се крадеа и штекери и се земаше сè. Јас денеска дадов налог да ги посетат сите места, а службите добија задачи да се провери целата ситуација за реновирањето на зградата на ВМРО-ДПМНЕ, за фасадата на владата, и да се види каква е состојбата и каква е инволвираноста на минатото раководство и за сè ќе биде информирана јавноста“ – рече новиот градоначалник на Центар Андреј Жерновски, пренесе Плусинфо.

На примопредавањето на функцијата не се појави порнанешниот градоначлник Владимир Тодоровиќ, иако како што рече Жерновски, бил уредно поканет.

Со одлуката за мораториум запира проектот Скопје2014 но само делот кој е во надлежност на општина Центар. 

најчитано сега