НОВИ МОЖНОСТИ, НОВИ ВРАБОТУВАЊА: Италијанска компанија ќе ја најави инвестицијата во Македонија
Италијанската градежна компанија „Кондоте“ денеска ќе ја најави својата инвестиција во Македонија.
Таа ќе инвестира преку фирмата „ИМПГ“ ДОО Скопје во енергетскиот сектор, поточно во изградба на мали хидроцентрали.
На настанот најавено е присуство на министерот за економија Беким Незири, претседателот и сопственикот на „Кондоте“, Дучо Асталди, управителот на фирмата Марчело Вернола и генералниот директор Сашо Трипуновски.
13.01.2016 - 08:32
Фото:
МИА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа