Рекорд: Нафтата најевтина во последните 12 години
Цената на американската лесна нафта во текот на вчерашното тргување на берзата во Њујорк се спушти на неверојатни 29,93 долари за барел што е најниска цена по декември 2003 година.
Цената на северноморската нафта од типот Брент поевтини до ниво од 31,12 долари што е исто така рекорд.
Експертите предупредуваат дека ако продолжи растот на доларот може да се случи цената на нафтата да се спушти и до 20 долари за барел.
За малопродажните цени во Македонија натамошниот пад на цените на дериватите нема да значи и големо поевтинување на горивата.
Ако се има предвид дека акцизата за литар гориво е нешто над 20 денари, останува многу мал простор за оперирање со ценат ана дериватите, па оттука се и малите поевтинувања.
Во прилог и графиконот како се движеше цената на нафтата, малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија и курсот на денарот во однос на доларот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа