Трета инвестиција за три дена- Груевски на поставување на камен-темелник во Прилеп

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска  ќе присуствува на поставување камен темелник за изградба на фабрика на германската компанија Акомпласт, во Tехнолошко индустриската развојна зона – Прилеп.

Почнува изградбата на новата фабрика на германски „Aкомпласт“ во слободната економска зона во Pрилеп. Попладнево се поставува камен – темелник на новиот објект за производство на пластично моделирани делови за автомобили.

Пред да почнат да ги градат погоните во слободната зона, германците стартуваа со браунфилд инвестиција од градот. Инвеститорот најави дека ќе вложи неколку милиони евра и ќе отвори 250 работни места, а рече и дека е задоволен од поддршката што ја добива и од квалификуваната работна сила.

За три дена ова е трета инвестиција во земјава, по онаа во велешка „Порцеланка“ и новиот германски инвеститор „ГЕС“ во Бунарџик.

 
 
14.01.2016 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега