Изгореа магацините на фирма во близина на Скопје- пожарот бил подметнат

 

Вчера околу 11 часот во атарот на селото Глуво во близина на магистралниот пат Скопје- Блаце, засега непознат сторител подметнал пожар.

Во пожарот била зафатена нискостеблеста трева од која огнот се проширил се до магацините на фирмата Партнер Шамкаро. 

Во пожарот изгореле монтажните објекти и градежниот материјал.

Полицијата трага по сторителот, информираат од МВР.

 

 

најчитано сега