Генерал Котески во Пентагон
Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, од денесka до 19-ти јули ќе претстојува во официјална посета на Вооружените сили (ВС) на САД и националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД, Вермонт.
За време на престојот во САД, началникот на ГШ на АРМ во Вашингтон ќе оствари повеќе значајни средби во Пентагон, каде ќе се сретне со претседавачот на Здружениот Генералштаб на ВС на САД генерал Мартин Демпси, Директорот на Воздухопловната национална Гарда на САД генерал-потполковник Стенли Кларк, заменик-помошникот на секретарот за одбрана Филип Рикер, помошникот на секретарот за одбрана за Евроазија, Русија и Украина, Евелин Фаркаш, командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј, како и со поранешни секретари за одбрана и началници на Здружениот ГШ на ВС на САД.
Во рамките на посетата на НГ на Вермонт, генералот Котески ќе оствари средби со генерал-мајор Креј, со заменик гувернерот на Вермонт Фил Скот, со претставници од Комитетот за одбрана на Вермонт, како и со други лидери на институциите од оваа сојузна држава на САД.
На средбите, информира денека МО, началникот на ГШ на АРМ ќе разговара за зајакнување на билатералната воена соработка со САД, зајакнување на стратегиското партнерство со НГ на Вермонт, учеството на АРМ во меѓународните мисии и нејзиниот придонес во регионалната и глобалната стабилност, како една од клучните улоги за идното полноправно членство на Република Македонија во НАТО.
Се очекува посетата на НГШ на АРМ на ВС на САД, како и средбите со високите претставници на ВС на САД и сојузната држава Вермонт, да даде соодветен придонес во проширувањето на стратегиското партнерство со НГ на Вермонт, во развојот на билатералните односи со ВС на САД, како и зајакнувањето на поддршката на САД за полноправно членство на Република Македонија во НАТО.
фото: Сител.ком.мк