Индесит објавува кампања за корекција на евентуални проблеми со безбедноста на сушарниците
Акционерското друштво Индесит компани (Indesit Company) денеска објави почеток на кампања за корекција на евентуални проблеми со безбедноста и квалитетот на одредени производи. Кампањата се однесува на сушарниците што се продавале под брендот Хотпоинт – Аристон (Hotpoint*-Ariston) и Индесит (Indesit) во периодот од април 2004 до октомври 2015 година.
По преземањето на претпријатието Индесит од страна на корпорацијата Вирпул (Whirlpool) во октомври 2014 година, Индесит почна соработка со експертите за безбедност на Вирпул за разгледување на портфолиото на производи на Индесит, во согласност со системите и методологиите за управување со ризици на Вирпул, кои се водечки во оваа индустрија.
Како дел од овој процес, во 2015 година Индесит почна темелно да ги истражува пријавените неправилности во врска со две платформи за производство на сушарниците. Како резултат на ова, Индесит поднесе известување за разгледување на споменатиот проблем до соодветните органи, а во текот на соработката беше утврдено дека е потребно да се преземат корективни мерки во врска со гореспоменатите сушарници.
Индесит ги имплементираше измените во производниот процес, со цел да се осигура дека сушарниците произведени по октомври 2015 година нема да бидат засегнати од овој проблем. Во тек е кампања за информирање и сервисирање, со цел да се направат модификации на веќе продадените производи. Потрошувачите можат да продолжат да ги користат гореспоменатите сушарници сѐ до имплементирањето на модификациите во кампањата за информирање и сервисирање, под услов апаратот да не биде оставен без надзор за време на неговото работење. Доколку не бидат изменети, во ретки случаи може да дојде до контакт на вишок памук со грејниот елемент предизвикувајќи опасност да дојде до пожар.
Ги замолуваме сопствениците на апарати од брендовите Индесит и Хотпоинт - Аристон, кои сѐ уште не ги поправиле своите апарати, да стапат во контакт со Индесит. Индесит ќе организира посета на сервисер и ќе направи бесплатна модификација на сушарницата на самото место, во домот на корисникот. Ги повикуваме сите сопственици на сушарници од брендовите Индесит и Хотпоинт - Аристон купени во периодот меѓу април 2004 и октомври 2015 година да го посетат сајтот што се однесува на овој проблем на http://www.indesithotpointsafety.com или да нѐ контактираат на 02/205-0319.
*Сопствеништвото над брендот Хотпоинт на Вирпул, кој се продава во Европа, на Блискиот Исток и во Африка, не се однесува на брендот Хотпоинт, кој се продава во САД и во Јужна Америка.
Индесит компани (IndesitCompany) е италијанска компанија со седиште во Фабријано, провинција Анкона, и претставува еден од водечките производители и дистрибутери на апарати за домаќинство во Европа (машини за перење облека, сушарници, машини за миење садови, фрижидери, замрзнувачи, шпорети, аспиратори, рерни и рингли) и е лидер на големите пазари како Италија, Велика Британија и Русија. Од октомври 2014 година Индесит компани е дел од групацијата Вирпул, најголемиот производител на апарати за домаќинство во светот, со годишен обрт од приближно 20 милијарди долари, 100 000 вработени и 70 производни центри и центри за развој на технологии низ целиот свет во 2014 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа