Развојот на иновации годинава ќе се поддржи со околу 2 и пол милиони евра

 

Земјите кои посветуваат внимание на иновациите предничат пред останатите. Развојот на една земја во голема мера зависи од развојот на иновациите. Владата ги следи овие трендови и затоа преку Фондот за иновации финансиски го поддржува развојот на иновациите, истакна директорката на Фондот Јасмина Поповска, на трибина организирана од Институтот Павел Шатев. Бројни истражувања покажале дека компаниите кои иновираат имаат побрз раст од останатите.

-Во 2015 како најиновативни земји се Јужна Кореа, Израел, Сад, Финска , Данска знали овие земји предничат во сферата на иновации и во свертата на економски раст на овие држави. Економскиот раст, развојот на една земја зависи од иновациите и затоа стратешки им пристапуваат, изјави Јасмина Поповска, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Во изминатата 2015 –та година се реализираа два јавни повика на кои компаниите аплицираа за различни инструменти – старт ап, комерцијализација на иновации, трансфер на знаења, акцелератори. На првиот повик се пријавија 78 компании, а 16 беа одбрани за финансирање , на вториот аплицираа 95 добија 17 компании. Минатата година беа доделени 1 милион и 400 илјади евра,а годинава ќе бидат достапни 2 милиони и 650 илјади евра. Проектите кои добиле средства се од повеќе области како ИТ , машинство, електротехника.

“Планирано е во следната година да имаме два повика, еден за старт ап и комерцијализација и еден за трансфер на знаења и за акцелератор. Значајно е проектите да бидат иновативни, дали е ново, друго се оценува е пазарниот потенцијал, дали е наменет за мaкедонскиот пазар или за извоз, менаџерскиот тим се оценува и какво влијание има проектот“ изјави Поповска.

Фокусот е ставен на микро, малите и средни претпријатија, затоа што истражувањата покажале дека овие компании имаат проблем со пристап до финансии за иновативни проекти. За 3 до 4 години ќе се пласираат околу 10 милиони евра за иновативни проекти. Затоа од фондот за иновации ги охрабруваат компаниите, со своите проекти да аплицираат за средства

 
 
16.01.2016 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега