Кои се најголемите адути на Македонија за привлекување странски инвестиции

 

Добрите владини мерки и добриот пристап кон инвеститорите, одлични инфраструктури во технолошко развојните индустриски зони, сигурноста на инвестициите, ниските трошоци и даночните олеснувања, младата и талентирана работна сила. Ова се предностите на Македонија кои најчесто ги истакнуваат странските инвеститори, за одлуката да го прошират својот бизнис во земјава, пишува Лидер.

„Лидер“: Странските компании одговараат- зошто Македонија е место за нивните инвестиции?

-Ние сме повратници од Австралија и одлучивме да вложиме во Република Македонија, т.е. во Битола, зашто потекнуваме од овој крај и тука да продолжиме да живееме. За ова, бевме поттикнати од добрите мерки на Владата на РМ и од добриот однос кон инвеститорите, изјави сопственикот на фабриката Горданчо Мирчевски, фабрика за чипс.

Според сопственикот на „Ван Хул“, владиниот пристап кон бизнисот и брзото решавање на проблемите се клучните фактори поради кои се поголем број странски компании се одлучуваат да инвестираат во Македонија. Добрата бизнис клима секако е основната причина, а доказ за тоа се континуираните инвестиции и отворањето нови погони на веќе постоечките инвеститори.

-Ни се допаѓа владиниот пристап кон бизнисот. Имаме директен пристап со надлежните и кога постои проблем тој веднаш се решава. Секако бизнис климата е многу позитивна. Работиме под полн капацитет. Пред два дена стартувавме со нова инвестициска програма, па планираме и понатаму да вложуваме во Македонија. Во меѓувреме, убедивме и други белгиски инвеститори да дојдат во Македонија, а некои од нив веќе одлучија да инвестираат. Добро е тоа што имаме ист менталитет. Мене посебно ми се доаѓа тоа што има квалификувани работници, како нивната флексибилност, изјави Филип Ван Хул, сопственик на компанијата „Ван Хул“, на бизнис форум во Белгија каде се претставуваа инвестициските можности на земјава.

Делфај е фокусирана на испорака на висок квалитет, водечки индустриски технологии кои им помагаат на производителите да постигнат повисок електронски и безбедносен систем. Капацитетите во Македонија ќе помогнат во остварување на оваа цел, рече Луси Тоскани, глобален оперативен директор на Делфај.

Од комапнијата наведуваат дека инвестициските критериумите кои ги следи Делфај за сите региони се да се следат клиентите производители на возила, обучена високо стручна работна сила, употреба на постоечка инфраструктура и потенцијално партнерство со локалните власти. Клучни фактори според нив се поволна бизнис клима, напредни вештини и одлични инфраструктури во технолошко развојните индустриски зони.

Али Созер, сопственикот на компанијата „Левидиагро“ истакна дека ова е најголема фабрика за ориз во која ќе бидат вработени над 100 лица. Одлуката да инвестираат во Македонија е, вели, како резултат на добрата бизнис клима и одличната соработка со централната и локалната власт.

-Македонскиот ориз има висок квалитет. Свесни сме за потенцијалот и инвестицијата е насочена за развој на оваа земјоделска гранка во Македонија. Со производниот капацитет, покрај што ќе го снабдиме домашниот пазар со висококвалитетен ориз, ќе може да одговориме и на потребите на европските пазари, рече Созер.

-Турција е вистински пријател на Република Македонија и се обидуваме на секое поле да ги унапредуваме односите. Бизнисмените при донесување одлуки за инвестирање главно се ориентираат од два фактора – профитот и сигурноста на инвестицијата, но сакам да се осврнам и на трет фактор кој придонесува за турските инвестиции во Македонија, а тоа е емотивната поврзаност меѓу двете земји на пријателство. Пријателството меѓу Македонија и Турција ќе траат вечно и ќе продолжиме на секое поле да се помагаме обострано, рече Солендил, турскиот амбасадор во Македонија.

Потпретседателот на Гентерм, Јорк Еверст истакна дека при изборот на нови локации за ширење на својот бизнис разгледувале можности во Романија, Бугарија, Србија, Мароко и Унгарија, а причина за одлуката да инвестираат во Македонија биле квалификациите на луѓето што ги интервјуирале и професионалниот однос на претставниците на Владата на Македонија.

-Наша цел е да донесеме врвна технологија за производство на делови за регулирање на температурата во автомобилите. Веќе имаме цел раководен тим и освен управителот на фабриката тој се состои целосно од Македонци. Тоа што нашата работна сила, што се состои од Македонци, минува интензивна обука во Украина е гаранција за нашиот иден успех, рече Еверст.

Фабриката треба да профункционира од октомври годинава. Ќе се произведуваат клима уреди и појаси за автомобили, а пласманот ќе се реализира на европскиот пазар кај купувачи како „бентли“, „рено“, „бмв“, „порше“, „фиат“.

-Достапноста на едуцираната работна сила и одличните инвестициски можности беа причините поради кои ја одбравме Македонија. Во игра беа вкупно пет земји од Југоисточна Европа, но по деталните анализи констатиравме дека Македонија е најдобриот избор, нагласи Еверс.

Монтанте Груп Фабриката ќе се гради во неколку фази на локацијата со површина од 49 илјади метри квадратни, а во првата фаза е предвидено да бидат вработени 100 луѓе кои ќе бидат оспособени за производство со висока технологија.

-Се одлучивме да ја комплетираме оваа инвестиција не толку поради државната помош, туку заради вниманието што им го дава Владата на сите фирми кои инвестираат тука за развој, рече претседателот на Монтанте груп, Антонио Монтанте по потпишувањето на договорот.

Антонио Монтанте кој претходно во Владата имаше средба со премиерот Никола Груевски, нагласи дека една од причините што инвестирале во Македонија е што ќе бидат поддржани во процесот на истражување.

-Бевме на чекор во правење на инвестиција во една друга држава, но благодарение на Дирекцијата на ТИРЗ и атрактивноста што ни ја понудија тука, се решивме да дојдеме во Македонија. Изградбата на фабриката во Македонија не претставува едноставна инвестиција за државата, туку позитивен импакт на ноу-хау. Се работи за производство со висока технологија и затоа ќе обрнеме големо внимание на обуката на луѓето кои ќе бидат вработени, нагласи Монтанте.

Тој посочи дека инвестицијата веќе беше најавена пред неколку месеци и се заблагодари за поддршката од Владата и Дирекцијата за ТИРЗ. Најави дека ќе се потруди да донесе и нови инвеститори во Македонија.

Инвестиција од 18 милиони долари која ќе отвори 400 работни места. Американски „Капкон“ ќе почне да ја гради фабриката на пролет, а со производство ќе стартува кон крајот на 2015-та. Во индустриската зона Бунарџик ќе се прават инфлатори за воздушни перничиња кои ќе се доставуваат до најголемите европски производители на автомобили.

-Првата работа што не привлече во Македонија беа ниските трошоци и даночните олеснувања, младата и талентирана работна сила, а на крајот нашата одлука ја олесни напорот што го вложија различните владини агенции, рече Али Ел Хач, извршен директор на Капкон.

Најмалку 35 странски компании ќе инвестираат годинава

Нови странски инвеститори се во преговори со македонските власти за влез во земјава. Со дел, преговорите се во напредна фаза, дел чекаат да ги објават своите финални одлуки. Во игра се компании од повеќе сектори, крупни играчи во светската економија.

-Во 2016-та, најмалку 35 нови компании ќе донесат одлуки за инвестирање и ќе ги објават. Со голем број компании сме во понапредна фаза на преговори. Позитивниот тренд во економијата, особено на полето на инвестициите, ќе продолжи и во 2016-та, за кога е проектиран раст на БДП од 4 проценти и натамошно намалување на невработеноста, вели премиерот Никола Груевски.

Економските политики даваат резултат

Сѐ поголемиот влез на странските инвеститори во земјава, придонесува забрзано да се отвораат нови работни места. Покрај тоа што странските компании влијаат врз директно на пазарот на труд, тие дејствуваат и индиректно, па преку соработката со домашните компании, тие дополнително ја поттикнуваат потребата од нова работна сила. А, во комбинација со активните мерки за вработување кои ги спроведува владата, резултатот е очигледен.

 
 
19.01.2016 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега