Страшна сообраќајка синоќа во Скопје: Возачот итно на Ургентен

Вкупно 10 сообраќајни незгоди се случиле во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје.

Од увидот на сообраќајната полиција констатирано е дека четири од сообраќајките се со последица материјална штета, а пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден пешак.

Се случила и една незгода со последица тешки телесни повреди во 19 часот и 15 минути на крстосницата од улиците „Трета македонска бригада“ бр. 13 и „Трета македонска бригада“ во која учествувале две патнички моторни возила „БМВ“ и „сузуки свивт“, со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје. Во незгодата со повреди се здобил еден возач кој со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентен центар каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.

Во текот вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 22 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, пет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, како и пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 78 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 
 
21.01.2016 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега