Македонските кошаркари на турнир во Шангај
Во рамки на подготовките за Европското првенство во Словенија, македонската медитеранска кошаркарска репрезентација ќе учествува на турнир во Шангај.
Селекторот Марјан Србиновски покрај „медитеранскиот“ состав на на располагање ги има и браќата Дамјан и Војдан Стојановски, а на списокот се наоѓаат и имињата на Александар Костоски, Дарко Соколов, Горјан Марковски, Марко Симоновски, Владимир Брчков, Бојан Крстевски, Александар Штерјов, Синиша Аврамовски, Бојан Трајковски и Стојан Ѓуровски.
Прв противник на Македонија овој петок е селекцијата на Црна Гора, а следниот ден ќе си ги одмериме силите со домаќинот, додека на 21 јули, противник на македонските ракометари е репрезентацијата на Исланд.
На 23 јули кошаркарите се враќаат од својата турнеја во Македонија.