Возиме најевтин бензин во последниве неколку години: Каква ќе биде новата цена?

 

Последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика ги израдува сите возачи. Овој понеделник беа соопштени новите цени на нафтените деривати кои важеа од после полноќ , па така од вторникот бензинот и дизелот се точат три ипол денари поевтино, во споредба со претпоследната одлука на Комисијата.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалија за 3,50 денари за литар во однос на цените утврдени со Одлуката од 11.01, и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 57,50 ден/лит, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 59,50 ден/лит и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 39,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намали за 4,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 11.01.2016 година и со тоа цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 27,50 ден/лит.

Останува да видиме дали трендот на паѓање на цената на нафтата ќе продолжи и периодов. Ако е така, наредниот месец не очекува уште пониска цена на бензинот и дизелот.

 
 
30.01.2016 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега