Во Мостар измерени рекордни 36 степени
Мостар денеска беше најтопол град на Балканот, а температурата на сонце во 16 часот беше 36 степени Целзиусови.
Вчера во истото време во градот беа измерени 20 степени.
Според локални медиуми, туристите во градот носеле чадори за да се заштитат од своевиден топлотен удар заради високите температури.