Македонија и Бугарија ќе ја интензивираат соработката во туризмот

 

Министерот за економија Беким Незири денеска ќе оствари средба со бугарската министерка за туризам Николина Ангелкова, која ќе престојува во работна посета на Македонија. 

Ангелкова во Скопје доаѓа со поголема бугарска делегација составена од претставници од туристичкото стопанство и градоначалниците на Сандански, Смолјан, Благоевград, Чепеларе и Банско.

На средбата се очекува да се разговара за продлабочување на туристичката соработка меѓу двете држави. 

Планирани се и средби меѓу бизнисмени и претставници на општините на кои ќе се разгледаат можностите за партнерство и за туристички понуди. 

Од македонска страна најавено е присуство на претставници на туристичките асоцијации и деловните здруженија, директорката на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, како и градоначалниците на Скопје, Тетово, Охрид, Крушево, Општина Чаир, Маврово и Ростуше.

 
 
02.02.2016 - 08:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега