МВР со детали за пожарот во Бардовци
Во 11 часот во текот на вчерашниот ден на улицата 2 во селото Бардовци во Скопје, се одвивала драма кога се запалила куќата на скопјанецот А.П. Во куќата на 68-годишниот мажзапочнало да гори, а потоа пожарот се проширил и кон куќата на соседите, во сопственост на 53-годишниот Ѕ.М.
На куќата целосно и изгорел кровот и вториот кат, а на соседната куќа изгорел доградениот дел наменет за ресторан.
Пожарот го гаснеле 5 противпожарни возила и за среќа нема повредени лица, како и пожарникари.
Се работи на утврдување на причините за пожарот.
02.02.2016 - 13:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа