Велешанец два дена скапувал во дворот на велешката болница
Вчера хигиеничарките од велешката болница пронашле тело на починат велешанец додека си ја вршеле работата, пренесе Дума. Телото на починатиот велешанец лежело на само неколку метри од капелата во изградба, пред Дневниот центар за нарко зависници.
Се работи за 40-годишниот З.Б. кој бил регистриран како нарко зависник, а неговото тело сега е предадено на обдукција.
Истрагата ќе утврди во какви околности настанала смртта.