ФОТО: Дете прегазено пред Сити Мол

 

Две лица се повредени во сообраќајката што вчера доцна попладнето се случи на пешачкиот премин на булеварот „Партизански одреди“ кај трговскиот центар „Ситимол“, јавува Република.

Според порталот во сообраќајката учествувале мотоцикл и пешак. Очевидци велат дека се работи за дете.

И двајцата со возила на Брза помош се пренесени на скопските клиники. Се уште нема детали за степенот на повреди.

 

 

 
 
03.02.2016 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега