Македонија се почесто мета на глобалните индустриски гиганти

 

Македонија нуди слободен пристап до пазар од 650 милиони потрошувачи и воедно е земја со најниска ефективна стапка на даноци во светот од 7,4 % .

Овој факт е главната причина која привлече многу инвеститори во последниве 10-тина години да дојдат и да инвестираат неколку стотици милиони евра во технолошко индустриските зони ширум државата.

Дополнително, ако на сето ова се додадат и поволностите кои државата им ги нуди на инвеститорите во зоните државата се рангира во најповолните места за инвестирање на планетата.

Станува збор поволностите како што се ослободување на инвеститорот од плаќање на персонален данокот на доход и данокот на добивка во период  од 10 години, ослободување од  плаќање на ДДВ и царински давачки и други.

Од друга страна пак, доаѓањето на компании како Џонсон Контролс, Џонсон Мети, Ванхул, Технокозе, Меркарт, Кемет електроникс, на Македонија и донесоа врвна технологија и начини на производство кои до сега не биле применувани во државата. Со новата технологија нашите работниците се здобија со врвно знаење еквивалентно на своите колеги било каде во поразвиените земји .

Како резултат на добрата клима инвеститорите се одлучуваат за втори и трети инвестиции во државата. Таков е примерот на Џонсон Контролс, Џонсон Мети, Технокозе. Дополнително ова претставува поттик за многу други компании и нивни бизнис партнери да одучат да инвестираат во нашата држава.

Истите олеснувања се достапни и за домашните компании кои ќе се одлучат да инвестираат и отворат свој капацитет во технолошко индустриските зони низ државата, а при тоа производот што го произведуваат да биде наменет за извоз. Со оваа мерка директно се поттикнуваат домашните компании да се шират и да освојуваат нови странски пазари.

Поволносите беа веднаш препозаени па две македонски компании најавија дека ќе градат фабрики за автомобилски делови и електроника во Бунарџик.

Но домашните компании не запираат тука, па штипска ”Актива”  стана производител на шасии за автобуси на белгиска ”Ванхул”. Од друга страна пак, квалитетот на работата на македонските компании станува препознаен, а доказ е компанија од Кочани која стана глобален добавувач на Џонсон Мети за големи тенкови за чување на сите хемикалии кои ги користи компанијата. Во оваа насока значајно е да се спомене дека Џонсон Мети е компанија со годишен профит од над 440  милиони фунти и 12 000 вработени.

Сето ова ја пласира Македонија како земја која својата иднина ја гледа помеѓу напредните светски економии, решена да го фати чекорот на новото време, застанувајќи рамо до рамо со развиените земји.

 
 
03.02.2016 - 22:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега