Александар Косовски е новото засилување на МЗТ Скопје
Тимот на МЗТ Скопје Аеродром и официјално на својот сајт го најавија новото засилување Александар Костовски кој што во наредните две години ќе го носи дресот на „металците“. Досега во кариератаКостовски има настапувано за Торус, Вардар Осигурување, Брашов а последната ја мина во тимот на Куманово 2009. Тој покрај настапите во домашната Лига настапи и во БИБЛ Лигата. Беше најдобар стрелец во домашното првенство со 20,7 поени, со 3,6 скока и 3,7 асистенции, додека во Балканската лига имаше 17,7 поени, 4,2 скока и 5 асистенции по натпревар.
Новиот играч на МЗТ Скопје Аеродром заедно со Дамјан Стојановски ја поделија наградата за најкорисен играч на завршницата од Купот на Македонија минатата сезона.