Нов стопански објект во општина Илинден - 40 нови работни места
Во стопанскиот комплекс „Илинден“ во општина Илинден, почна градба на нов стопански објект- дистрибутивен центар, што ќе се простира на површина од 7.000 метри квадратни.
Вкупната инвестиција, изнесува околу 3 милиони евра, што ќе овозможи отворање на 40 нови работни места. Новиот објект треба да биде готов до август, годинава.
Со изградбата на овој стопански објект продолжува инвестицискиот циклус во општина Илинден, како една од најатрактивните дестинации за инвеститорите од нашата земја и од странство.
Во 2015 година отуѓени се 5 градежи парцели со намена за стопанство (лесна и незагадувачка индустрија) со површина од 24.779 метри квадратни. Вкупната проценета инвестиција на новите 5 компании кои откупија градежно земјиште изнесува 4.500.000 евра и ќе овозможат отворање на нови 70 работни места.
Во 2015 година 6 компании отпочнаа со градба на своите нови капацитети, се почна со изградба на 2 станбени згради, а во употреба беа пуштени 4 нови стопански објекти.
Благодарејќи на привлечните локации и поволните услови што општината им ги нуди на инвеститорите, од почетокот на процесот на децентрализацијата, во локалните економски зони во општина Илинден се остварија 176 инвестиции, од кои 31 странска директна инвестиција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа