Нова поддршка за развој и модернизација во сточарството и пчеларството

 

1,2 милиони евра ќе се инвестираат за подобрување на инфраструктурата на 100 пасишта во државата, стартува нова мерка на поддршка  за набавка на опрема во пчеларството во висина од 50% од инвестицијата на пчеларите а продолжува и поддршката за сточарите за набавка на висококвалитетни грла добиток во износ од 50% од инвестицијата.

Ова се само дел од мерките за финансиска поддршка за сточарите и пчеларите кои се финансираат преку програмата за рурален развој за оваа година, која детално беше разгледувана на работниот состанок на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со претставниците на институциите од земјоделството и градоначалниците.

Со конкретни рокови за објавување на огласите за финансиска поддршка во земјоделството и детално разгледување на секоја мерка за финансиска поддршка протече работниот состанок за реализацијата на програмата за рурален развој за 2016 година на кој беа разгледувани и постоечките мерки за поддршка а се разговараа и нови мерки за финансиска поддршка.

И оваа година продолжува финансиската поддршка за сточарите кои ќе набават висикоквалитетни грла на добиток а за кои ќе им бидат финансирани 50% од вкупната инвестиција.

Паралелно со оваа поддршка сериозни инвестиции оваа година се предвидуваат и во подобрување на инфраструктурата на 100 пасишта во државата за што ќе бидат инвестирани над 1,2 милиони евра. Станува збор за проект кој е од исклучителна важност за сточарите.

Оваа година се излегува во пресрет и на барањата на пчеларите. Покрај мерката кој се реализираа за набавка на пчелни матици од оваа година пчеларите ќе можат да набавуваат и опрема за пчеларство преку програмата за рурален развој, при што ќе им бидат кофинансирани 50% од трошоците за набавка на опремата. Огласот за оваа мерка ќе биде распишан од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој на 10 овој месец.

Ова беа само дел од мерките и проектите кои беа разгледувани на работниот состанок, на кој беа разгледувани и голем број на други проекти и мерки насочени кон модернизација на земјоделството и на кој дополнително беше договорено посебни тимови на терен да ги информираат земјоделците за новите мерки и проекти во земјоделството со кои се стартува од оваа година.

 
 
04.02.2016 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега