Охриѓани лажно пријавиле кражба па претепале полициски службеник

 

Неколку насилници од Охрид си заработија кривични пријави поради лажно пријавување кражба и напад на полициски службеник.

30-годишниот К.Р. 51-годишниот И.Р. и 24-годишниот К.Р. (24)  пред три дена во Струга започнале вербална расправија со еден полициски службеник во која започнале да му изрекуваат погрдни зборови, а во еден момент разсправијата кулминирала и со тепачка. Двајца полицајци интервенирале за да го спречат инцидентот.

Инаку, претходно полицијата го барала 24-годишниот К.Р. поради тоа што лажно пријавил кражба на моторцикл.

најчитано сега