Попоски на министерски состанок во Амстердам
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска и утре во Амстердам ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, тнр. Гимних, на кој се поканети и земјите-кандидати за членство во ЕУ - Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.
Како што соопшти МНР, на маргините на состанокот, предвидено е Попоски да има билатерални средби со своите колеги од земјите-членки и земјите-кандидати за членство во ЕУ.
05.02.2016 - 08:57
Фото:
МИА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа