Исплатени јануарските пензии
Денеска на сметките на 299.014 пензионери префрлени се пензиите во вкупен износ од 3 милијарди 839 милиони денари, соопшти Министерството за финансии.
Просечната пензија во Република Македонија за јануари изнесува 13.103 денари.
Од Министерството истакнуваат дека Владата останува посветена на редовната исплата на пензиите на почетокот од секој месец.
05.02.2016 - 13:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа