СДСМ и во пракса покажа колку е за независно новинарство

Техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, продолжува да го крши законот.

Тој вчера незаконски поставил началник на Одделението за слободен пристап до информации од јавен карактер. За оваа функција го избрал Тони Ангеловски, досегашен новинар во телевизијата 24 Вести, објави порталот ДЕНЕШЕН.

Со ваквото назначување, СДСМ и во пракса покажа колку сакаат слободно новинарство и колку нивните заложби во оваа насока се лажни.

Новинарот Ангеловски утрово им е претставен на вработените во МВР како нов началник на Одделението за слободен пристап до информации од јавен карактер. Станува збор за новинар кој работеше во опозициски медиум, јавно бранејќи ги тезите на СДСМ. Спасовски со оваа одлука уште еднаш го погази системот на кариера во МВР и постави на раководна позиција партиски кадар на СДСМ, објави ДЕНЕШЕН.

Спасовски од СДСМ многу добро знае како се вработуваат луѓе во МВР. Секој нововработен, согласно закон, најпрво има статус на приправник. Приправничкиот стаж трае една година, а дури по негово завршување, работникот се оценува пред комисија и се распоредува на најниската позиција. Ова правило важи за сите!

Очигледно исклучок се прави само за партиските кадри на СДСМ, па Спасовски го поставува новинарот на позиција началник.

Зошто ваквото вработување е скандалозно?

Во табелата се јасно наведени условите кои треба да бидат исполнети за едно лице да биде поставено за началник на Одделението за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Новинарот од 24Вести нема 7 години искуство, ниту пак досега бил вработен во министерството, туку во опозициската телевизија.

 
 
05.02.2016 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега