Отчет за сработеното на градоначалникот на Свети Николе

Денеска градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев, на прес-конференција даде отчет за сработеното во изминатите три месеци.

Светиниколскиот градоначалник потсети дека е изградена фекална канализација во населено место Ерџелија, завршена е реконструкцијата на улица „Септемвриска“ во должина од 1 километар, завршена е санацијата и регулацијата на речното корито на Светиниколска река, река Периш и река Мавровица, завршено е крпење, тампонирање на локална улична мрежа во градот...

- Во постапка е изработка на ГУП со површина од 500 хектари за Свети Николе со што создаваме услови за понатамошен развој и економски просперитет. Изработени се  основни проекти за довршување на фекална канализација во село Горобинци, пристапен пат до локалитет Билазора, пристапен пат до излетнички локалитет Мавровица..., рече Тасев и додаде дека наредниот период посветено ќе продолжат со реализација на зацртаната програма и проекти, во интерес на граѓаните на општина Свети Николе и за подобрување на условите на живеење. 

ФОТО: Сител 

најчитано сега