КУРИР: Граѓаните со јасна порака: Јанева не работи по закон туку по насока на Заев

 

Дали Катица Јанева работи според закон или по партиска директива од СДСМ? Откако вчера медиумите го поставија ова прашање, негов одговор бараат и македонските граѓани.

Оние кои ја следат нејзината работа, велат дека Специјалната јавна обвинителка нема да го следи законот и да работи со доказите, туку ќе продолжи да дејствува по политичка нарачка.

Граѓаните велат дека Јанева работи за партија, а не за народот и дека е очигледна нејзината соработка со Заев.

-Сто посто дека работи под притисок.

-Јавно обвинителство треба да е не корумпиран, да не е поврзано со некоја партиска линија.

-Да ја избркаат сместа, за едни работи само, за една партија.

-Затоа сакаат да ги пролонгираат изборите, за да успеат нешто во нивните игри, како да ги наречам веќе. Навистина веќе, што да се каже, тоа е очигледно, секој граѓанин во Македонија го почувствувал, го гледа и нема зборови што да се каже.

-Мислам дека треба да се излезе во јавноста и да се знае на чисто да биде и народот да биде порелаксиран и помотивиран бидејќи е загрозен секојдневниот физикус на луѓето и психичката кондиција на луѓето опаѓа и на помлади и постари кога нешто не е јасно, не е докажано.

-Јас мислам дека според Заев работи. Не треба такви работи да работат. Таа е ставена од сите, на сите да не штити, а не едни да брани, едни да напаѓа. Би ме затворила и мене, а јас сум слободен граѓанин.

-Едно вика таа, други викаат друго. Ние народот ништо не можеме да мислиме додека не видиме. Ама сепак мислам дека влече малку жичка на партиско.

 

-Треба да се пушти, да се види што ќе биде, не може за 10 дена за 15 дена да ми седи на два месеца.

Граѓаните сметаат дека Јанева и Заев имаат договор по кој двајцата се водат заеднички координирани.

Дека тоа е така, беше и директното признание на лидерот на СДСМ дека тој ги знае следните чекори на СЈО.

-Не само што има формирано Специјално обвинителство, тоа обвинителство ќе испорача наредби за истраги, обвинителни акти и дај Боже и притвори за овие криминалци што ја водат државата, рече Заев.

Опозицискиот лидер очекува Катица Јанева да му биде ударна тупаница и директно да му помогне на СДСМ за изборите.

-Чекам резултати. Јас се борев заедно со вас за ова Специјално обвинителство, е сега резултатите ќе се испорачаат и тоа ќе има влијание врз изборите, рече Заев.

Но, народот им порачува на Јанева и Заев дека нивниот план е откриен и граѓаните се свесни како тие работат.

По обидот за фалсификување со Чауш, СДСМ изгледа тргна во потрага по нов соработник за нов обид на фалсификување и штелување. Очигледно ваквиот следен чекор се обидува да го направи преку Катица Јанева.

Анкетиран граѓанин дури ја нарече Јанева, „формален Чауш“.

ИЗВОР: Курир

 
 
07.02.2016 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа