Македонец се заканувал на полицаец и неговото семејство
Вчера во 17.00 часот во Пробиштип, при извршување редовна служба, полициски службеник запрел возило „ровер-600“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.С. (31) од Пробиштип.
Откако забележал дека возилото не е регистрирано се упатил кон службеното возило да напише прекршочен платен налог. Д.С. му понудил на службеното лице да го почести нешто за да не му пишува пријава, но го одбил и го предупредил дека може да биде приведен.
Додека полицискиот службеник ја пишувал пријавата Д.С. влегол во неговото возило и го напуштил местото.
Околу 19,20 часот кога полицискиот службеник го паркирал службеното возило на друго место пристигнал Д.С. со неговото возило и се паркирал пред службеното возило. Излегол од возилото и побарал да му бидат вратени документите. Д.С. почнал да се заканува на службеникот и неговото семејство, по што се качил во возилото и си заминал.
По преземени мерки Д.С. е приведен и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа