Објавен конкурс за ИПАРД фондовите - половина од инвестицијата се враќа
Вчера претседателот на Владата на Македонија, Никола Груевски, изјави дека е објавен конкурс за распределба на ИПАРД фондовите, граѓаните ќе можат да ги искористата тие десетици милиони евра.
-Тоа е одлична можност за нови инвестиции во земјоделието, инвестиции кои половина ќе бидат вратени на тој што инвестирал. Меѓутоа нагласувам дека е потребно следење на упатствата кои се дадени, во однос за трошење на овие средства, изјави вчера премиерот.
Груевски потенцира дека се работи за огромен потенцијал кој може да донесе нови капацитети во делот на земјоделието и да допринесе за поголем извоз: - Ние многу посветуваме внимание на тоа. Секој кој има намера да врши вложување во земјоделието или во преработката на земјоделски производи, може да се јави на конкурсот, да поднесе апликации согласно процедурите на ИПАРД и да добие можност половина од неговите средства од оваа инвестиција да бидат вратени. Педесет отсто ќе му бидат вратени преку ИПАРД фондовите, а неговата инвестиција ќе ја направи многу поисплатлива, многу профитабилна, а Македонија од сето тоа ќе добие нови капацитети во земјоделието, зголемен извоз, зголемена механизација, објаснува Груевски за конкурсот кој трае до 21 август.