Битолчанка ја пронајде својата среќна детелина: 500.000 денари најновата инстант добивка
Битолчанката Кристина Јовановска водејќи се од мотото “Пронајди ја својата среќна детелинка“, ја изгреба премијата од 500.000 ден од инстант лозот Детелинка.
Среќното продажно место од каде Кристина го купила својот среќен лоз е Крисми-Трејд, на Широк Сокак во Битола.
Кристина е редовен играч на сите игри на среќа на Државна лотарија на Македонија. Редовно ги игра своите среќни броеви во НовоЛото 7/34, а исто така не пропушта шанса да изгребе и некој инстант лоз. Досега таа се има радувано на поситни парични добивки, но овој пат среќата беше на нејзина страна и се израдува на премија вредна 500.000 денари.
-Лозот Детелинка беше лансиран на крајот на 2012 ,а нуди само парични добивки од кои 5 добивки по 500,000 денари ,десет добивки по 100.000 денари и други бројни добивки од 30 до 1.000 денари. Затоа не пропуштајте ја шансата , најдете ја својата среќна детелинка, и за само 30 денари станете добитник на големи парични добивки, наведено е во соопштението на Државната лотарија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа