Старделов: МАНУ да се спротивстави на фуријата за уништување на македонскиот креативен дух

Поранешниот претседател на МАНУ, Георги Старделов, за Дојче Веле го искажа својот личен став околу последната лустрација која ја направи Комисијата за верификација на фактите.

-Ова што се случува со гротескни искривоколчувања на т.н. процес на лустрација, води кон сознанието дека на македонскиот народ по којзнае кој пат му се повторува познатиот синдром на македонски расколи, кавги и меѓусебно ништење, истакна поранешниот претседател на МАНУ.

-  Јас сум длабоко уверен дека имињата на оние кои деновиве беа испоплукани и ставени на столбот на срамот и натаму ќе зрачат како факели на македонскиот историски пат, дека МАНУ ќе се спротивстави на оваа фурија за уништување на македонскиот креативен дух и дека нема да се согласи тие да се избришат или да заминат од нејзините редови, додава Старделов.

ФОТО: А1.он

 

 

 

најчитано сега