Миле Кузмановски: Фризерката добро ме измами
Македонксиот фолкер Миле Кузмановски си ја отвори душата и призна дека скопската фризерка Благица Дончовски навистина го измамила и него, јави Либертас.
- Да, ме измами, знам дека денеска требе да почне судењето, но не би сакал повеќе да коментирам и да навлегувам во детали. Да почекаме да видиме што ќе пресуди судот па ќе ви кажам, изјави Кузмановски за Либертас.
Пејачот вчера се вратил од одмор и започнал да се подготвува бидејќи треба да настапи на "Пивофест" во Прилеп.
Инаку, денеска во судот во Скопје ќе започне судскиот процес за скопската фризерка Благица Дончевски која успеа да измами најмалку 40 граѓани лажно продавајќи им станови. Благица одговара за голема станбена измама бидејќи лажно претставувајќи се како владин претставник, земала десетици илјади евра ветувајќи им станови за млади брачни парови, социјални случаи и хендикепирани лица. Полицијата ја уапси пред повеќе од еден месец.
Извор: Либертас
ФОТО: Утрински