Скопската фризерка тврди: И јас бев измамена!

Денеска скопската фризерка Благица Дончевска за прв пат беше изведена пред Основниот суд 1 во Скопје, откако беше уапсена пред повеќе од еден месец за станбена измама.

Дончевска на која моментално и се суди изјави дека никогаш не сакала никого да измами, туку дека подлегнала на приказна за владин проект преку кој се даваат социјални станови која ја слушнала од својот роднина, пренесе Нова Македонија. Таа тврди дека и самата била измамена бидејќи уплатила за три стана, а потоа им кажала и на другите луѓе за овој проект.

Инаку, познатата и најбогата скопска фризерка измами повеќ од 40 граѓани на кои лажно и мпродаваше станови. Благица одговара за голема станбена измама бидејќи лажно претставувајќи се како владин претставник, земала десетици илјади евра ветувајќи им станови за млади брачни парови, социјални случаи и хендикепирани лица. 

 

најчитано сега