7ма брзина низ Македонија - еве како да се изгребете за Голф7

7МА БРЗИНА ја започна својата возна тура низ Македонија во друштво на 12 убави девојки.

Во склоп на промотивните активсности екипата на 7МА  БРЗИНА  имаше прилика да биде дел и од летниот избор за македонска убавица во Охрид. Интересно е да се потенцира дека токму кадидатките на овој избор имаа прилика да бидат облечени во прекрасните фустани брендирани во заштитниот знак на Државна лотарија на Македонија, детелинката. Овие фустанчиња беа специјално дизајнирани токму за овој убав настан.

Под слоганот Греби и вози Голф 7, Инстант лотаријата СЕДМА БРЗИНА на играчите на игрите на среќа им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до одличната понуда на добивки на чело со 10 автомобили ГОЛФ 7, обезбедени во соработка со Порше Македонија.

Пред продажното место Прагма Трејд на 10 .07 во присуство на бројни љубители на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, се одржа премиерната промоција на најновта Инстант  игра на среќа.  Ретко кој од посетителите уплатуваше помалку од три инстант лоза 7ма Брзина и секој од нив доби убаво изненадување  брендирано со знакот на нашата најнова игра на среќа во семејството на Инстант лотариите.

Прекрасната водителка Марјана заедно со тимот од Државна лотарија на Македонија, детално  ги објасни сите информации врзани со тоа како нашите играчи може да уживаат во играњето на оваа нова игра. Играчите освен вниманието кое го посветија за да ги добијат конкретните информации за најновата игра на Држвана лотарија на Македонија,  покажаа и огромен интерес за 7ма Брзина, уште на самиот старт,  па затоа нашиот тим ги покани  и на нашите следни дружења.

Карванот  7МА БРЗИНА низ својата промотивна рута во Македонија, покрај Охрид со кого почнавме и завршивме на оваа стартна точка до 14ти јули, прошета и се доближи до играчите во ТЦ Сити Мол во Скопје, во продажното место Легион во Битола, а во Струмица пак се дружевме пред знакот на детелинката на продажните места Ту Би и Ваткос.

Лозот СЕДМА БРЗИНА содржи поле за игра, поделено на девет сегменти, прекриено со заштитен слој под кој се наоѓа стрелката и автомобилски брзинометар. Стрелката лесно го насочува играчот кон видот на добивката прекриена со заштитниот слој, додека пак на  брзинометарот се испишани видовите на добивки и тоа од 0 до останатите добивки кои следат по раст, 40, 80....50.000, 100.000, заклучно со премијата ГОЛФ 7. Стрелката може да упатува само на еден вид на добивка. Доколку упатува кон 0, тогаш лозот е недобитен.

Интересно е да се потенцира дека 10 среќни играчи ќе имаат прилика благодарение на лозот СЕДМА БРЗИНА да се почестат со премијата Голф 7, но и добивки од 100.000 денари и исто толку од по 50.000 денари. Вкупен број на добивки во новиот Инстант лоз на ДЛМ е 311.030, а вкупен фонд е 26.702.000 денари, со што секој трет лоз е добитен.

 

Новиот ГОЛФ 7, во новиот инстант лоз 7МА БРЗИНА, е навистина крупна шанса за ситни пари да изгребете еден од 10 автомобили, покрај сите парични добивки кои се во игра!

најчитано сега