Блаце: Косовци се обиделе да шверцуваат 37.600 швајцарски франци
Вчера царинските службеници на Блаце спречија обид за нелегално изнесување на 37.600 швајцарски франци, ноќта околу 20 часот и 15 минути.
Шверцот бил спречен кога за излез од Македонија се пријави автомобил со косовски регистарски ознаки. Прашани дали имаат да пријават нешто за царинска контрола, возачот и патниците во возилото одговориле негативно. При извршен преглед и претрес на багажот и возилото не се утврдени неправилности, но царинскиот службеник ги прашал лицата колку девизи носат со себе, на што еден од сопатниците, косовски државјанин, одговори дека има 5000 швајцарски франци. Во внатрешниот џеб од јакната пронајден е коверт со вкупно 50 илјади непријавени швајцарски франци.
Прекршителот изјавил дека парите му ги дал брат му кој во Швајцарија поседува фирма за исплата на плати на косовски државјани кои работеле за него.
Против лицето е поведена прекршочна постапка.