Регулаторна со одлука: Бензините од утре по нова цена
На крајот од минатата недела барел сурова нафта на американскиот пазар се продаваше за 30,05 долари или скоро половина долар поевтино од претходниот ден.
На берзата во Лондон од каде што и Македонија го набавува енергенсот по информацијата за растот на резервите на САД цената падна за 38 центи на 33,39 долари за еден барел
Средната цена на суровата нафта според која регулаторот ја одредуваше малопродажната цена во Македонија на почетокот од минатата недела изнесуваше 32,076 долари за барел а средниот курс на денарот во однос на доларот изнесуваше 56,4 денари.
Во моментов, цената на суровата нафта е околу 1,2 долари по барел повисока од средната цена за минатите две недели а за еден долар се купуваат 55,58 денари.
Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ја одреди новата цена на нафтените деривати. Според движењето на цените изминативе две недели, за очекување е нов раст на малопродажните цени кој би требало да биде од 1 до два денари по литар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа