ВИДЕО: Маж и жена мртви пронајдени во Прилеп - полицијата истражува убиство
Два човечки леша, еден машки и еден женски, синоќа се пронајдени, независно еден од друг, на две различни локации во Прилеп. Машкиот труп, случајно бил пронајден од деца во близина на “Шинтерницата” на ЈКП “Комуналец”. Истиот бил покриен со гранки, бил во одмината фаза на распаѓање и со големи телесни оштетувања, заради што се очекува и идентификацијата да оди потешко. Според лекарите, починатиот бил мртов подолго од еден месец.
Во вториот случај, се работи за прилепчанката Лилјана Ј., родена 1952 година. Според првичните сознанија таа во својот дом била мртва околу десетина дена.
Врз нејзинотот тело имало знаци на физичко насилство. Случајот го пријавиле нејзини блиски роднини откако забележале дека не можат да влезат во нејзиниот дом бидејки бравата била сменета.
Според кажувањата на соседите, Лилјана, која инаку живеела сама, подолго време имала потстанар кој се занимавал со сликање на икони.
Истрагата за двата случаи, треба да ги открие причините и околностите под кои настанала смртта и кај двете жртви.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа