ДЕТАЛИ ЗА НЕСРЕЌАТА: Двајца загинале на лице место - еден се бори за живот

Страшна сообраќајка ја разбуди Македонија. Две лица загинаа во сообраќајната несреќа што се случи изутринава во 6 часот и 10 минути на магистралниот пат Струмица-Радовиш меѓу селата Владевци и Радичево. 

Според информациите од струмичката итна помош, двете лица животот го загубиле на лице место, додека уште едно лице е потешко повредено и е префрлено на хируршкото одделение во болницата во Струмица. 

Сообраќајката според првичните сознанија се случила при директен судир на патничко моторно возило пасат со штипски регистарски таблички и камион.

Истражните органи треба да утврдат како дошло до несреќата.

АМСМ информира дека поради сообраќајната несреќа  сообраќајот на патот Струмица - Радовиш е во прекин во двата правца.

Засега нема информации за други повредени лица, ниту пак повеќе детали за страшната несреќа.

 
 
27.02.2016 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега