Уште една страшна сообраќајка во Македонија

Едно лице е потешко, а тројца се полесно повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа во 21 часот и 15 минути на крстосницата помеѓу регионалниот пат Куманово-Свети Николе и булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, соопшти денеска МВР.

Во несреќата учествувале два автомобили „Југо“ управуван од 30-годишната Р.К и „Шкода“ управуван од 38-годишниот З.П.

Во несреќата се повредени двајцата возачи и две сопатнички, од кои едната е со тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршиле екипи на полицијата од Куманово.

Се работи на утврдување на причините за сообраќајната несреќа. 

 
 
27.02.2016 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега