МВР со детали за сообраќајката во која загинаа две лица
Во 6 часот и 10 минути на магистралниот пат Струмица-Радовиш се случила страшна сообраќајка помеѓу селата Владевци и Радичево. Возило венто со штипска регистрација управувано од страна на 46-годишниот Т.Г. се судрило со Мерцедес управуван од 33-годишниот М.М.
На лице место починале 25-годишниот Александар А. од Карбинци и 72-годишната Павлина Г. од Раброво.
Со повреди се здобил возачот на автомобилот Венто.
Полицијата работи на утврдување на причините за несреќата.
27.02.2016 - 13:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа