ФОТО: СДСМ и СОРОС против изградба на крстот во Бутел
Поставувањето на камен-темелникот за новиот крст во општина Бутел ги активираше редакциите на СДСМ и Сорос кои жолчно застанаа против изградба на христијанскиот симбол кој е донација на Светскиот Македонски Конгрес.
За соросовите медиуми кои важат за мегафони на СДСМ, поставувањето на крстот ќе предизвика војна, како што пишува Бранко Героски, односно крстот ќе го ставел на коцка соживотот на граѓаните.
Против изградба на крстот рамо до рамо со Героски и СДСМ очекувано застана и Мухамед Зекири кој дури и се обиде да ги одврати граѓаните од присуството на свеченоста заплашувајќи ги со некакви „команданти кои ги чекале“.
Ниту Героски ниту Зекири ниту сдсмовските портали не се потресоа премногу кога неодамна беше поставен орелот-споменик на УЧК и за него не предвидуваа дека ќе предизвика етничка тензија и дека со него се става на коцка соживотот.
Овие новинари и нивните портали тогаш не шпекулираа со воени сценарија, тензии, инциденти и команданти и му одолеаа на двоглавиот орел во спомен на УЧК.
Денес кога се поставуваа темели на христијански симбол, предизвикот да се одолее на приликата за фабрикување тензии беше преголем залак за Героски, Зекири и сдсмовските портали.
27.02.2016 - 19:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа