Драма и филмска бркотница во Тетово

Во 22 часот во Тетово било пријавено дека околу 19 часот и 30 минути додека 30-годишниот Л.С. од Палчиште заедно со неговиот братучед Б.М. излегол од дома, забележале как А.М. тргнал со неговото возило по нив. Откако двете момчиња ја зголемиле брзината, и А.М. го направил истото, ги следел цел пат и успеал да ги стигне. Откако им го блокирал патот, едното од момчињата се обидело да излезе, но насилникот со нога му ја удрил вратата од автомобилот и го спречил да излезе надвор. Насилникот почнал да вика и да се заканува, а во тој момент А.М. од отворениот прозорец замавнал со предмет кој го имал во раката и му нанел расекотина на бесниот тетовчанец. Другиот братучед успеал да избега, а расечениот тетовчанец се качил во возилото и отишол во болница.

Засега не е позната причината за расправијата.

Полицијата работи на расветлување на настанот.

 
 
28.02.2016 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега