Седници на две собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.
Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе ја утврдуваат Предлог-одлуката за разрешување на член на Советот за статистика на Република Македонија.
На дневен ред на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на МВР, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана е Предлог извештајот за работата на оваа Комисија во 2015 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа