Собранието ќе ја одржи 92.седница
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 92.седница на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на законите за безбедност на сообраќајот на патиштата (по скратена постапка поднесен од група пратеници), за заштита и спасување, за минимална плата во Република Македонија (поднесен од Павле Трјанов), за политички партии (поднесен од Лилјана Поповска), за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во РМ (поднесен од Енес Ибрахим), сите во прво читање.
Пратениците ќе ги разгледаат и измените на Законот за Владата на Република Македонија, дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, двата во прво читање, како и Информацијата за општите состојби во образованието и ефектите од екстерното тестирање во основното и средното образование, поднесени од група пратеници.
На дневен ред на седницата се и неколку барања за давање на автентично толкување на членови од закони.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа