Одбележување на Меѓународниот ден на ретки болести

Меѓународниот ден на ретки болести ќе биде одбележан денеска во организација на Националната алијанса за ретки болести на Република Македонија.

Годинашно мото на Меѓународниот ден е „Придружете ни се, да се чуе гласот на ретките болести“.

Целта на одбележувањето на Меѓународниот ден на ретки болести, меѓународен настан во координација со Европската организација за ретки болести Еурордис, е подигнување на јавната свест за ретките болести и влијанието кои тие го имаат на квалитетот на живот на пациентите и нивните семејства.

 
 
29.02.2016 - 08:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега